Достапни линкови

Напаѓачот на парискиот аеродром и бил познат на полицијата


Франција - Безбедносни и служби за итни случаи на северниот терминал на аеродромот Орли во Париз, по инцидентот. 18.03.2017

Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан изјави дека човекот, чии идентитет не беше објавен, нападнал жена војник припадничка на воздухопловните сили и потоа бил убиен од двајца други војници кои патролирале на аеродромот Орли во Париз.

Човекот бил убиен откако го зграбил оружјето на војникот и трчајќи влегол во продавница, по што бил застрелан од безбедносните сили.

Инцидентот се случи денеска на вториот по големина аеродром во земјата Орли, кој беше евакуиран, а сите летови се пренасочуваат, соопштија властите.

Министерот за внатрешни работи Бруно Ле Ру рече дека мажот и бил познат на полицијата и на разузнавачките служби и оти претходно истиот ден бил поврзан со кражба на авромобил во северно предградие на Париз.

Обвинителството соопшти дека одделот за борба против тероризам презема истрага.

Во Франција и натаму е во тек воведената вонредна состојба по нападите во Париз во 2015 година, во кои загинаа 130 луѓе.

XS
SM
MD
LG