Достапни линкови

Жалба на Белата куќа за судската блокада на наредбата на Трамп


Претседателот на САД Доналд Трамп ја потпишува извршната наредба за имиграцијата.

Владата на САД соопшти дека ќе поднесе жалба на судската одлука со која беше блокирана да стапи во сила извршната наредба за имиграцијата на претседателот Доналд Трамп. Министерството за правда соопшти дека ќе поднесе жалба на одлуката на Окружниот суд во Мериленд со која се запира дел од наредбата на Трамп од 6 март оваа година за привремена забрана за влез на патници од шест доминантно муслимански земји.

Судот во Мериленд оваа недела го остави да стои делот од наредбата на Трамп со кој четири месеци се забранува влез на бегалци во САД, но Окружниот суд во Хаваи ги поништи и двата дела од наредбата.

XS
SM
MD
LG