Достапни линкови

Инцидент на аеродромот Орли во Париз, едно лице е убиено


Илустрација - знамето на Франција.

Еден човек е убиен откако зграбил пиштол на војник на аеродромот Орли во Париз, соопштија денеска француските власти. Човекот го земал оружјето и трчајќи влегол во продавница, пред да биде застрелан од безбедносните сили, објави АФП, цитирајќи го Министерството за внатрешни работи. Никој друг не бил повреден во инцидентот.

Аеродромот, втор по големина во Париз, бил евакуиран. Француската полиција на Твитер соопшти дека во тек е безбедносна опорација и ги повика луѓето да ја избегнат оваа област.

XS
SM
MD
LG