Достапни линкови

Времето денеска - облачно со сончеви периоди


Илустрација: временска прогноза - облачно

Времето во Македонија ќе биде облачно со сончеви периоди. Услови за изолирана појава на краткотраен локален дожд ќе има во крајните северни и северозападни делови на земјата, а на повисоките планини ќе врне краткотраен слаб локален снег. Дождот повеќе ќе биде изразен по Повардарието. Од северен правец ќе дува умерен повремено засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 15 до 19 степени. Во Скопје ќе има слично време, променливо облачно со сончеви периоди и умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

XS
SM
MD
LG