Достапни линкови

СДСМ: Неодговорно однесување на Вељановски


СДСМ

СДСМ

СДСМ денеска излезе со соопштение во кое се вели дека одлуката на Трајко Велјаноски да не свика веднаш координација и продолжување на конститутивната седница е уште една потврда за тоа дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги интересира само личниот интерес и ништо друго.

Според СДСМ објаснувањето на Велјаноски дека граѓаните на Македонија треба да чекаат Илија Димовски да се врати од пат, за да се одржи продолжението на конститутивната седница е безобразно и несовесно поигрување со волјата на граѓаните кои со месеци го чекаат формирањето на новата Влада, како и понижување на Парламентот.

-Ако Димовски е на пат, може да го претставува негов заменик, а и после 3 месеци неработење што и му е друга обврска на Илија Димовски од тоа да е во Собранието кога има должност да ги извршува важни парламентарни обврски, се наведува во соопштението.

Од СДСМ дополнуваат дека демократските процеси се незапирливи и оти ќе има и конститутивна седница, мандат за составување Влада и нова реформска Влада на граѓаните на Македонија.

XS
SM
MD
LG