Достапни линкови

Турција се закани дека ќе испрати 15.000 бегалци во Европа


Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу

Турција се закани дека ќе испрати 15.000 бегалци во Европската унија, по ескалацијата на дипломатскиот спор. Анкара предупреди дека може да го откаже договорот од март 2016 со ЕУ за намалување на приливот на бегалци во земјите од ЕУ , откако на турски министри им беше забрането да одржат митинзи во Европа. Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Соулу изјави дека Анкара може да го отвори патот за илјадници бегалци до ЕУ. Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, исто така, се закани дека ќе го раскине договорот. Портпаролот на германската влада, денеска, изјави дека немало знаци дека договорот бил суспендиран од страна на Анкара. Дипломатската криза беше предизвикана кога Холандија и Германија одбија да им дозволат на турските министри да се обратат на собири на на турските граѓани кои живеат во нивните земји во врска со референдумот на 16 ти април за подобрување на овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

XS
SM
MD
LG