Достапни линкови

Вељановски закажа координативна средба во Собрание на 21 март


Трајко Вељановски,претседавач со Конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав

Трајко Вељановски,претседавач со Конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав

По извршените консултации со овластените претставници на политичките партии застапени во парламентот, Претседавачот со Конститутивната седница на деветиот парламентарен состав Трајко Вељановски закажа координативна средба за во вторник, 21 март, во 12 часот, се вели во денешното соопштение од собраниските служби. Како што пишува во соопштението, на координативната средба треба да биде утврден предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата кој ќе послужи како основ за закажување на продолжение на Конститутивната седница на Собранието на Република Македонија.

До соопштениетоа на Вељановски доаѓа откако претходно денеска во Собранието, СДСМ му достави барање од 67 пратеници за закажување на продолжение на Конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав, започната и прекината на 30 декември 2016 година.

XS
SM
MD
LG