Достапни линкови

ЕК: Хан во вторник во Македонија


Еврокомесарот Јоханес Хан

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, во вторник ќе пристигнат во Македонија со цел да направат уште еден обид за договор за излез од политичката криза, јави дописникот на МИА од Брисел.

Ова денеска го потврди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

- Можам да потврдам дека комесарот Хан ќе патува во Скопје во вторник, следната недела, а тоа е 21 март, заедно со тројцата европратеници Флекенштајн, Кукан и Вајгл. Зедно, тие ќе се сретнат со претставниците на сите парламентарни партии, како и со претседателот Иванов и ќе ја повторат цврстата позиција на ЕУ за почитување на исходот од изборите и да се дозволи продолжување на демократските процеси со брзо формирање реформски ориентирана Влада, која ќе продолжи со имплементација на договорот од Пржино изјави Коцијанчич

Taa доплни дека вчера, на состанокот на лидерите на Самитот на шест западно-балкански држави во Сараево, комесарот Хан ја истакнал важноста од регионална соработка и предупредил на ризик од разгорување на тензиите, вклучително и меѓуетнички, преку изјави или дејствија што ќе ги поткопаат добрососедките односи.

XS
SM
MD
LG