Достапни линкови

Иванов во Баку се сретна со Нишани


Претседателот Ѓорге Иванов, денеска во Баку, Азербејџан,се сретна со претседателот на Албанија Бујар Нишани.

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска во Баку, Азербејџан,се сретна со претседателот на Албанија Бујар Нишани.

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска на маргините на глобалниот форум во Азербејџан се сретна со претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани, соопштија од кабинетот на Иванов. Во соопштението е наведено дека двајцата претседатели на средбата разговарале за односите меѓу двете земји во контекст на актуелната политичка состојба во Македонија, како и во контекст на состојбите и предизвиците во регионот. Во придолжение се вели дека Иванов во разговорот со Нишани, го повторил ставот дека начинот на кој се донесе пост-изборната платформа на партиите од албанскиот политички блок во Македонија иизјавите кои следеа од страна на високи функционери на Албанија претставуваат мешање во внатрешните работи на Македонија.

Двајцата претседатели се согласиле дека е неопходна воздржаност, преземање на взаемни чекори за зголемување на меѓусебната доверба и фокусирање на заедничките приоритети, кои подразбираат добрососедски односи, унапредување на регионалната соработка и фокусирање на проекти што ќе го унапредат и подобрат животот на граѓаните на двете земји е наведено во соопштението од кабинетот на Иванов.

XS
SM
MD
LG