Достапни линкови

САД повторно бараат Иванов да ја преиспита одлуката


Претставничката на САД и вршителка на должност во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, Кејт Брнс.

Претставничката на САД и вршителка на должност во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, Кејт Брнс.

Претставничка на САД во постојаниот совет на ОБСЕ Кејт Брнс денеска изјави дека САД и натаму се загрижени за политичката ситуација во Македонија и дека продолжуваат да го следат развојот на настаните. Таа во обраќањето кон министерот за надворешни работи Никола Попоски истакна дека неговото присуство во постојаниот совет на ОБСЕ укажува на загриженоста на САД и другите земји членки на ОБСЕ.

„ САД остануваат разочарани од одбивањето на претседателот Иванов да понуди можност да формираат Влада пратениците кои имаат јасно мнозинство. Ние продолжуваме да се надеваме дека оваа акција е спротивна на заложбите на ОБСЕ , основните демократски принципи и владеење на правото. Како стратегиски партнери и пријатели на Македонија, но и со целосно почитување на суверенитетот на земјата, САД го повикува претседателот Иванов да ја преиспита својата одлука“ се вели во одговорот на говорот на Попоски од страна на Брнс, кој е објавен на официјалната страна на американската мисија на ОБСЕ.

Таа посочила дека очекуваат од Владата и политичките партии да се воздржат од напади врз организации на граѓанското општество.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски е во Виена каде во седиштето на ОБСЕ се одржува министерски состанок со земјите членки. Од МНР се уште нема соопштение за неговиот говор на овој состанок. Претходно од МНР соопштија дека за време на посетата на Виена предвидено е министерот Попоски да се сретне со неговиот австриски колега, министерот за надворешни работи Себастијан Курц.

XS
SM
MD
LG