Достапни линкови

ЕК очекува почитување на договорот меѓу ЕУ и Турција


Европската комисија денеска соопшти дека очекува договорот за миграција меѓу Европската унија и Турција да остане во сила, бидејќи тоа е од интерес за двете земји, како и за сириските бегалци. Оттаму соопштуваат дека Комисијата издвоила 34 милиони евра за помош на 230 илјади деца на сириски бегалци, кои престојуваат во Турција. Исплатата на сумите ќе започне за месец и половина.

ЕК забележа дека тоа е најголемата хуманитарна програма во областа на образованието во услови на вонредени околности.

XS
SM
MD
LG