Достапни линкови

Трамп против одлуката за замрзнување на наредбата за патување


Американскиот претседател Доналд Трамп, Нешвил, Тенеси, 15.03.2017.

Американскиот претседател Доналд Трамп, Нешвил, Тенеси, 15.03.2017.

Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше американскиот окружен судија кој ја суспендира неговата нова ревидирана наредба за патување, обвинувајќи го за „судско претерување без преседан“. Судијата Дерик Ватсон претходно донесе одлука да ја блокира наредбата само неколку часови пред таа да влезе во сила. Во образложението се наведува дека таа била неуставна и оти би можело да предизвика „непоправливи штети“ за државата Хаваи и нејзините граѓани. Со извршната наредба се предвидува привремена забрана на бегалци, како и на патници од шест главно муслимански земји да влегуваат во САД. Требаше да стапи во сила денеска. Трамп најави дека ќе се жали во Уставниот суд.

XS
SM
MD
LG