Достапни линкови

Времето денеска: облачно со слаб локален дожд


Во Македонија претпладне ќе биде облачно со слаб локален дожд, а на некои планини со слаб снег. Попладне врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од северен и северозападен правец.Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од осум до 16 степени. Во Скопје променливо облачно, во утринските часови со услови за слаб дожд, но во текот на денот облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

XS
SM
MD
LG