Достапни линкови

Речиси 10 илјади загинати во судирите во источна Украина


Мапа на Украина

Мапа на Украина

Од почетокот на судирите во источна Украина во април 2014 година, загинале 9 илјади и 940 луѓе, соопшти Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права во извештајот објавен денеска. Во него се вели дека во конфликтот меѓу Украина и сепаратистите поддржани од Русија биле ранети повеќе од 23 илјади лица.

Овој биланс вклучува армиски сили, цивили и членови на вооружени групи. Над 2 илјади цивили загинале во непријателствата, а ранети биле меѓу 7 и 9 илјади, се наведува во извештајот.

XS
SM
MD
LG