Достапни линкови

Вајгл: состанокот во Тирана непримерен, но влада да формира тој што има мнозинство


Европратеникот Иво Вајгл

Состанокот во Тирана е непримерен и вреди да се осуди, тој е почеток на целата приказна, изјави известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл, јави МИА од Стразбур. Тоа го реков кога премиер на соседна држава повика претставници на политички партии да се договараат за владина програма, рече Вајгл. Сепак, додаде тој, тоа не е доволно голема причина за да не се создаде владата и да се продлабочуваат меѓуетничките конфликти. Тоа не е добро и штетно е за интересите на Македонија како држава. Објективноста ја задржав од првиот ден, не сум навивач ниту за едната ниту за другата опција. Но, се знае како се игра по правилата на демократијата, тој кој е способен да има мнозинство во парламентот има право да формира влада. Тука нема друга варијанта, рече европратеникот Вајгл.

Тој најави дека за време на сесијата на европарламентот во Стразбур треба да одржи заеднички работен состанок со другите европратеници задолжени за Македонија, Ричард Ховит и Едуард Кукан и со комесарот Јоханес Хан, на кој ќе стане збор за тоа што можат да направат за да ѝ помогнат на Македонија.

XS
SM
MD
LG