Достапни линкови

Средба на раководствата на Беса и на СДСМ


Претставници на Беса, предводени од лидерот Биљал Касами

Претставници на Движењето Беса денеска имаа средба со раководството на СДСМ, на која, како што информираат од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба по недоделувањето на мандатот од страна на претседателот на државата.

На средбата, наведуваат во соопштението, е разговарано и за можните решенија за излез од кризата со која се соочува земјата за функционализација на институциите.

Најавуваат дека контактите меѓу партиите ќе продолжат и во наредните денови и истакнуваат дека Движењето Беса и натаму ќе игра конструктивна улога продолжувајќи да биде дел од решението, а не од проблемот.

XS
SM
MD
LG