Достапни линкови

Уапсени 24 лица во врска со нападот врз воена болница во Кабул


Воената болница во Кабул за време на нападот од 8 март

Воената болница во Кабул за време на нападот од 8 март

Авганистанскиот заменик министер за одбрана Хелaлудин Хелал соопшти дека властите уапсиле 24 лица, меѓу кои и армиски генерал, под обвинение за запоставување на нивните обврски, во врска со неодамнешниот напад врз најголемата воена болница во земјата. Тој изјави дека уапсените се обвинети затоа што не успеале да го превенираат нападот, негирајќи оти во случајот биле вмешани „инсајдери“.

Милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во кој вооружени лица облечени како здравствени работници отворија оган врз лекари, пациенти и посетители во болницата во Кабул, при што загинаа неколку десетици луѓе.

XS
SM
MD
LG