Достапни линкови

Украина го суспендира товарниот сообраќај со сепаратистичките области


Претседателот на Украина Петро Порошенко

Претседателот на Украина Петро Порошенко

Советот за безбедност и одбрана на Украина соопшти дека Киев го суспендира целиот товарен сообраќај со областите кои се под контрола на сепаратистите поддржани од Русија. Ова го објави секретарот на Советот Олександр Турчинов, откако претседателот Петро Порошенко ја предложи суспензијата. Овој потег доаѓа по напорите на владата да ја прекине блокадата на железничкиот и патниот сообраќај воведена од Украинци кои се противат на каква било трговија со сепаратистите, кои го контролираат делот на источна Украина во кој има рудници за јаглен.

Порошенко соопшти дека само на хуманитарни пратки ќе им биде дозволено да влезат во областите држени од сепаратистите во регионите Доњецк и Луханск.

XS
SM
MD
LG