Достапни линкови

Белата куќа за прв пат откри колку Трамп платил данок


претседателот на САД Доналд Трамп

претседателот на САД Доналд Трамп

Белата куќа откри дел од данокот што го исплатил претседателот Доналд Трамп. Станува збор за 35 милиони долари што Трамп ги платил во 2005 година за заработени 150 милиони долари. До ова дојде откако водителката на телевизиската мрежа МСНБЦ Рејчел Медоу изјави дека имала две страници од даночната пријава на Трамп во 2005 година. Страниците преку пошта ги добил новинарот Дејвид Џонстон. Трамп за време на кампањата одби да каже колку платил за данок со што ја прекрши неколку децениската традиција во САД.

XS
SM
MD
LG