Достапни линкови

Алфано: ЕУ да ја потврди својата поддршка за Балканот


Шефот на италијанската дипломатија Анџелино Алфано

Шефот на италијанската дипломатија Анџелино Алфано апелираше до Европска унија да испрати силна порака до земјите на Западен Балкан со цел да им помогне во борбата против националистичката реторика на поединечни лидери во регионот. Алфанo изјавата ја даде во Тирана, каде што допатува од Белград во рамките за подготовките за самитот на некои земји-членки на Европска унија и Западен Балкан во Трст на 12 јули „Поради такви ситуации, ЕУ би требало да ја потврди својата улога како главен партнер во регионот и да испрати силна и конкретна порака за соработка и посветеност на сите земји од Западен Балкан“, наведе Алфано.

XS
SM
MD
LG