Достапни линкови

Ердоган ја обвини Холандија за масакрот во Сребреница


Архива: Турскиот претседател Ердоган за време на говор во Исанбул. 12.03.2017

Архива: Турскиот претседател Ердоган за време на говор во Исанбул. 12.03.2017

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Холандија за масакрот во градот Сребреница во Босна и Херцеговина во 1995 година, во последните дипломатски препукувања меѓу двете земји.

Во телевизиско обраќање Ердоган денеска рече дека холандскиот „карактер“ бил „скршен“ од масакрот, најголемото масовно убиство во Европа по Втората светска војна.

Ердоган зборуваше за убиството на осум илјади муслимани од страна на српските сили во босанскиот град Сребреница, каде што лесно вооружените холандски мировници на ОН не успеаа да го спречат масакрот.

Холандскиот премиер Марк Руте изјавата на Ердоган ја нарече „одвратна историска невистина.“

XS
SM
MD
LG