Достапни линкови

Сириските мировни разговори почнаа без опозицијата


Архива: Сиријци во северниот град Алепо, во област под контрола на бунтовниците. 10.03.2017

Архива: Сиријци во северниот град Алепо, во област под контрола на бунтовниците. 10.03.2017

Без сириската опозиција започнааа разговорите во казахстанскиот главен град Астана, за ставање на крај на војната во Сирија, оставајќи малку надеж за напредок. На разговорите денеска беа присутни делегати од три земји: Русија, Турција и Иран.

Сириските опозициски групи вчера изјавија дека нема да присуствуваат на разговорите, обвинувајќи ја сириската влада и нејзиниот поддржувач Русија за неуспех да се придржуваат кон договорот за прекин на огнот од декември.

Реагирајќи на одбивањето на опозицијата да учествува во разговорите, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека мировниот процес е „енормно комплексен.“

XS
SM
MD
LG