Достапни линкови

Порошенко предложи закон за забрана на двојно државјанство


Архива: Украинскиот претседател Петро Порошенко зборува на прес-конференција во Киев.

Архива: Украинскиот претседател Петро Порошенко зборува на прес-конференција во Киев.

Украинскиот претседател Петро Порошенко предложи закон за забрана на двојно државјанство. Парламентот на Украина денеска соопшти дека законот за државјанство предложен на 13 март, е испратен на дискусија во парламентарната Комисија за човекови права, етнички малцинства и меѓуетнички односи.

Предлог-законот е опишан како итен. Според предложените амандмани, Украинците ќе го изгубат нивното државјанство доколку доброволно добијат државјанство од друга земја. Исто така е наведено дека украинското државјанство може да го загубат оние што добиле украинско државјанство, а не се откажале од пасошот од претходното.

XS
SM
MD
LG