Достапни линкови

ОЈО отвори истрага за висок функционер од Струмица


Архива: Зградата на Основно јавно обвинителство во Скопје.

Архива: Зградата на Основно јавно обвинителство во Скопје.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против висок функционер од Струмица поради сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување, се вели во писмено соопштение на ОЈО.

Во соопштението на Обвинителството е посочено дека осомничениот функционер во 2010 година незаконски спровел постапка за јавна набавка со што фаворизирал една фирма за асфалтирање на една улица во вредност од речиси 17 илјади евра.

„Наместо да спроведе една транспарентна постапка за јавна набавка со објава на оглас за доделување на договор, истовремено распишал и спровел четири одвоени постапки за прибирање на понуди без оглас и покрај законската забрана за делење на договор за јавна набавка на повеќе посебни договори со пониска вредност, со што ги изиграл одредбите од Законот за јавни набавки на штета на Буџетот општината“, пишува во соопштението на ОЈО.

Инаку во дел од медумите кои се сметаат за блиски на досегашната власт посочуваат дека станува збор за лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој по изборите се откажа од градоначалничката функција во Струмица.

XS
SM
MD
LG