Достапни линкови

Холандија, но и ЕУ пред клучни избори


Холандија пред важни избори и за ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

Холандија пред важни избори и за ЕУ

Холандските гласачи утре излегуваат на парламентарни избори кои, според оценките, ќе бидат клучни не само за таа земја. Резултатот од изборите ќе испрати сигнал и за тоа каде оди Европската унија со оглед на растечкиот популизам во Европа.

Ова гласање е прво од неколкуте што ќе се одржат во земјите членки на Унијата во текот на годинава и ќе претставува своевиден показател за политичките движења во Европа по британскиот Брегзит и победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори.

Холандскиот премиер Марк Руте оцени дека ова е време да се биде реален кое не трпи грешки.

„Можете да кажете дека ова се четвртфинални мечеви во обидот да се спречи победата на погрешниот вид популизам. Полуфиналните мечеви се во Франција во април и мај, а потоа е финалето во сепетмври во Германија. Сакам Холандија да биде првата земја која ќе го стопира овој тренд на погрешен вид популизам“.

Обраќањето на Руте главно е насочено против реалната можност националистот Герт Вилдерс да победи на парламентарните избори.

Вилдерс кој сака да ја „деисламизира“ Холандија се надева дека последните судири меѓу турските демонстранти и полицијата во Ротердам, како и обвинувањата од Анкара за „холандски нацизам“ ќе му ги зголеми шансите за изборна победа.

Дел од холанѓаните, како студентката Ариал од Амстердам, се согласуваат дека се работи за многу важни избори:

„Дефинитивно ќе гласам. Мислам дека е важно луѓето да излезат и да гласаат, бидејќи негласањето само прави да станува полошо, а ова е многу тензично време“.

Сепак има и такви, како Марк од Амстредам, кој и ден пред изборите се уште е неопределен:

„Многу е тешко, бидејќи има многу промени во целиот свет. Не знам која партија ќе ја изберам. Се уште размислувам“.

Партијата на слободата на Вилдерс и доколку победи нема шанси да формира влада со оглед на многу поделената политичка сцена во Холандија.

Другите партии пак, исклучија секаква можност од коалицирање со Вилдерс наведувајќи дека станува збор за расистички лидер.

Како и да е, неговата победа, според аналитичарите, ќе испрати шокирачки бранови низ Европа.

Анкетите пред француските претседателски избори кои почнуваат идниот месец покажуваат дека води крајно десничарката Марин Ле Пен.

Во Германија пак, евроскептичната десничарска партија Алтернатива за Германија на изборите во септември, по се изгледа ќе успее за прв пат да влезе и во сојузниот парламент.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG