Достапни линкови

Британскиот парламент усвои закон за стартување на Брегзитот


Долниот дом на британскиот парламент

Долниот дом на британскиот парламент

Двата дома на британскиот парламент синоќа го усвоија нацрт законот со кој на британската влада и се овозможува да го покрене членот 50 од Лисабонската спогодба за истапување на Британија од Европската унија. Предлог законот сега треба да биде одобрен од кралицата по што стапува во сила. Од законот се отфрлени два амандмана кои претходно беа усвоени во Домот на лордовите. Со нив се бараше заштита на правата на европските граѓани во Британија и парламентот да има финален збор за конечната спогодба со Брисел. Со усвојувањето на законот и се даваат одврзани раце на премиерката Тереза Меј и официјално до крајот на март да ја покрене процедурата за излегување од Унијата.

XS
SM
MD
LG