Достапни линкови

МНР со осуда за навредливите изјави на официјални лица од Албанија


Министерството за надворешни работи на Македонија ги осудува јавните настапи со навредлива и запаллива реторика на официјални лица на Албанија кои се однесуваат на Македонија, се вели во реакцијата на македонското МНР на изјавата на пратеничката во албанскиот Парламент Месила Дода. „Неодговорните изјави на јавни личности кои по својата функција налагаат и подразбираат одговорност за јавно искажаниот став не се во духот на добрососедските односи и декларираните заложби за пријателство и соработка меѓу двете земји и особено не во духот на европските вредности“, се вели, меѓу другото, во реакцијата на МНР.

XS
SM
MD
LG