Достапни линкови

Снежно невреме ја одложи средбата меѓу Трамп и Меркел


претседателот Доналд Трамп и германскиот канцелар Ангела Меркел

претседателот Доналд Трамп и германскиот канцелар Ангела Меркел

Силна снежна бура што го погоди источниот американски брег ја принуди Белата куќа да ја одложи средбата меѓу претседателот Доналд Трамп и германскиот канцелар Ангела Меркел до 17 март. Меркел беше на пат кон аеродромот во Берлин на лет за Вашингтон кога Трамп и телефонирал да ја информира за временските услови. Притоа тие се договориле да ја одложат нивната средба планирана за денеска, соопшти Белата куќа. Станува збор за прва средба меѓу Трамп и Меркел и на неа се очекува да стане збор за НАТО, милитантите на Исламската држава, конфликтот во Украина.

XS
SM
MD
LG