Достапни линкови

Украински демонстранти бараат затворање на руски банки во Киев


Демонстранти пред седиштето на Сбербанк во Киев

Демонстранти пред седиштето на Сбербанк во Киев

Сбербанк соопшти дека официјално побарала од полицијата во Киев да го заштити објектот откако протестите продолжија и денеска. Другите филијали на Сбербанк во Киев продолжуваат со работа. Десетици демонстранти против Кремљ од Украинската националистичка група Азов го блокираа седиштето на Сбербанк и бараат забрана за работење на Сбербанк во Украина. Во меѓувреме, активистите на Азов ја презеде одговорноста за користење на пена за изолација со која оштетија десетици банкомати кои припаѓаат на руските банки во градовите низ Украина - вклучувајќи Киев, Одеса, Харков, и др. Протестите против Сбербанк започна на 7 март, отако Сбербанк соопшти дека ќе ги признае пасошите кои се издадени од про руските сепаратисти во Украина.

XS
SM
MD
LG