Достапни линкови

Столтенберг: НАТО е гарант на мирот и безбедноста на Западен Балкан


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска на прес-конференција во Брисел изјави дека НАТО е посветен на земјите на Балканот и нивна евроатлантска интеграција, посочуавјќи го случајот со Црна Гора која наскоро ќе стане 29. членка на Алијансата.

- НАТО е гарант на мирот и стабилноста во регионот, бидејќи тоа е важно за нашата безбедност. Ние продолжуваме со поддршката на евроатлантската интеграција на Западниот Балкан, бидејќи тоа е клуч за стабилноста и проспертитетот во регионот и пошироко. Во 2016 година ја отворивме вратата за Црна Гора да стане член на Алијансата и досега, 25 членки го потпишаа пристапниот протокол за Црна Гора да стане 29. членка на НАТО, истакна Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО ова го кажа на прес-конференција на која го претстави годишниот извештај на Северноатлантската алијанса за 2016 година. Тој кажа дека оваа најголема воено-политичка организација на светот сега се соочува со најголеми предизвици по безбедноста.

Тој ги посочи превирањата и насилството на теорирстичката ИД, која контролира голем дел од териториите на Сирија и Ирак. Тој укажа и на „наметливото“ делување на Русија со анектирањето на Крим и дестабилизирањето на Источна Укрина.

Генералниот секретар на НАТО во врска со заострената ситуација меѓу двете членки на НАТО, Турција и Холандија, истакна дека сите членки треба да имаат мирен пристап за деескалација на тензиите.

XS
SM
MD
LG