Достапни линкови

Лидерката на Шкотска бара референдум за независност


Лидерката на Шкотска, Никола Старџен

Лидерката на Шкотска, Никола Старџен денеска изјави дека таа бара одобрување за втор референдум за независност пред Британија да ја напушти Европската унија. Првата министерка на Шкотска објави дека таа сака да одржи нов референдум кон крајот на 2018 или почетокот на 2019 година. Таа рече дека нејзините напори да се најде компромис во врска со Брегзит биле пречекани со "тврдокорни одговори" од премиерката Тереза Меј . Лидерката на Шкотска рече дека ќе побара од шкотскиот парламент следната недела дозвола за одобрување референдум . На последниот референдум во 2014 година, 55 отсто од гласачите се спротивставија на независноста на Шкотска.

XS
SM
MD
LG