Достапни линкови

Иванов: Пречките за определување мандат не се отстранети


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов

Пречките за определување мандат се уште не се отстранети, велат од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, по повиците од СДСМ Иванов веднаш да го додели мандатот на Зоран Заев.

Претседателот Иванов останува на ставот изнесен во обраќањето до граѓаните на Република Македонија на 1 март 2017 година. Пречките за определување мандат за состав на влада се уште не се отстранети, се вели во ставот од Кабинетот на претседателот на Република Македонија.

Во обраќањето на 1 март, Иванов од лидерот на СДСМ Зоран Заев побара јавно да ја отфрли и осуди тиранската платформа, со која, според шефот на државата, се доведуваат во прашање темелните државни интереси на Република Македонија и нејзините граѓани.

Според претседателот Иванов платформата ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава, земјата е уценета, а нејзината унитарност, сувереност и независност се загрозени.

XS
SM
MD
LG