Достапни линкови

ЕУ ќе ги продолжи санкциите за руската анексијата на Крим


Заменик премиер на Русија Дмитриј Рогозин

Заменик премиер на Русија Дмитриј Рогозин

Европската унија се очекува да ги прошири санкциите против голем број поединци и субјекти за руската анексија на полуостровот Крим во Украина . Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ се очекува денеска да ги продолжат санкциите против 150 физички лица и 37 субјекти кои, според Брисел, се одговорни за акции против територијалниот интегритет на Украина. Досегашните санкции треба да истечат на 15 март. Замрзнување на сретства и визна забрана за прв пат беа воведени од ЕУ во март 2014 година, откако Русија го анектираше Крим . Тие санкции се продолжија и се проширија со дополнителни гласови од претставниците на ЕУ во Брисел. На листата на официјални санкции се наоѓаат заменик премиерот на Русија Дмитриј Рогозин, советникот на претседателот Владимир Путин, Сергеј Глазјев, шефот на руските вооружени сили Валериј Герасимов, и Дмитриј Киселјов, кој многумина го сметаат за главен пропагатор на Кремљ. На листата исто така се 37 лица субјекти опфатени со санкциите од ЕУ. Тоа се компании кои се активни во Крим и воени баталјони формирани од страна на Русија, а поддржани од сепаратистите во источна Украина.

XS
SM
MD
LG