Достапни линкови

Почина легендарната Вања Лазарова


Вања Лазарова, македонска пејачка на изворни народни песни

Вања Лазарова, македонска пејачка на изворни народни песни

Почина доајенката на македонската народна музика Вања Лазарова – Димитрова на 86-годишна возраст во Скопје. Лазарова беше родена на 27 април 1930 во селото Страцин, Кратовско.

Таа има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на МРТ.„Со маки сум се родила“, „Параходот замина“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, се само дел од стотината македонски изворни народни песни што ги испеа Лазарова која одржала голем број концерти низ светот.

Таа во во 2014 година беше добитник на државното признание за животно дело „11 Октомври“. Институциите реагираа откако на тоа ги поттикна граѓанска иницијатива со која се бараше доајенот на македонската народна песна да добие заслужено признание за нејзиното богато музичко творештво.

Посебен придонес има во соработката со групата „Анастасија“ при создавањето на музиката за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.

Пред две години режисерот Синиша Евтимов сними документарен филм „Вања: Со маки сум се родила“, посветен на нејзиниот живот и творештво.

XS
SM
MD
LG