Достапни линкови

Ердоган: Холандија ќе ја плати цената


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди Холаднија дека „ќе ја плати цената“ за протерувањето на турската министерка и спречувањето да слета авионот на турскиот шеф на дипломатија пред планираните политички собири. Тој во своето обраќање кое беше во живо пренесено на државата телевизија, ги повтори негативните коментари против холандската влада со кои ги спореди со „потомци на нацистите“, истакнувајќи дека само ваков вид на влади би им забраниле патување на странски министрите за надворешни работи во нивната земја.

„Мислев дека нацизмот е мртов, но не бев во право. Нацизмот се уште е широко распространет во Западот. Западот го покажа своето вистинско лице“ изјави Ердоган.

Тој и се заблагодари на Франција, која вчера дозволи шефот на турската дипломатија, да им се обрати во француски град на припадниците на турската заедница.

Ваквите потези следуваат откако Холандија спречи два министри од турската влада да одржат митинг во Ротердам за поддршка на референдумот кој ќе биде спроведен следниот месец, а со кој ќе се зголемат надлежностите на претседателот.

XS
SM
MD
LG