Достапни линкови

Чавушоглу се закани со „десетократно поголеми“ контрамерки за Холандија


Архивска фотографија,турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

Архивска фотографија,турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

Турција ќе презема мерки против Холандија, се додека оваа земја не се извини за дипломатскиот скандал, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Тој посочи дека Турција подготвува соодветни мерки, кои ќе бидат „десеткратно поголеми“ од активностите кои ги презема Холандија. Турскиот министер за надворешни работи ја оцени позицијата на Амстердам како „нечовечка“.

„ Тоа е срам за Европа. Анкара секој пат ќе ја потсетува Европа за овој срам,“ ветиЧавушоглу.

Говорејќи пред новинарите во Франција, пред јавен настап во североисточниот град Мец, Чавушоглу изјави дека очекува да види дали европските држави ќе го критикуваат овој „фашистичкиот чин“ на Холандија.

XS
SM
MD
LG