Достапни линкови

Авганистанските специјалци убија најмалку 30 милитанти


Најмалку 30 талибански милитанти меѓу кои и еден локален командант на Талибанците, се убиени а десетина други се ранети при последната акција што ја спроведоа авганистанските безбедносни служби во јужниот дел од земјата. Операцијата се спроведе во Хелманд во изминативе 24 часа, соопштија од канцеларијата на Владата во оваа провинција. Операцијата стартува на самиот почеток на пролетта, кога со затоплувањето на времето се зголемуваат активностите и на двете страни.

XS
SM
MD
LG