Достапни линкови

Најмалку 20 луѓе се повредени во тепачка за паркинг во Грузија


Најмалку 20 полицајци и демонстранти се повредени на пристаништето на грузискиот град Батуми поради несогласување околу паркинг простор кое прераснало во насилство. Локалните медиуми јавуваат дека полицијата употребила гумени куршуми и солзавец за да ги раздвои стотиците млади демонстранти кои фрлале кон полицијата и меѓу себе со камења. Насилството избило откако еден човек одбил да ја прифати казната за паркирање на погрешно место. Според болничките извештаи 11 полицајци и 10 демонстранти се хоспитализирани поради повреди и последици од солзавецот.

XS
SM
MD
LG