Достапни линкови

Протести во Белорусија против данок за невработени


Неколку стотици илјади луѓе излегоа на протест во југозападниот град на Белорусија Пинск, со барање да се укине законот со кој се воведува данок за невработените луѓе. Ова е уште еден протест во низата демонстрации против законот во неколку градови на Белорусија. Претседателот Александар Лукашенко претходно изјави дека стапувањето на сила на овој закон е одложен за следната година, со цел воведување на одредени исправки во законот. Според Лукашенко овој закон служи за борба против, како што го нарекува, „ социјален паразитизам“. Тој закон предизвика протести низ целата земја. Според законот, ќе се оданочат сите жители во Белорусија кои работеле помалку од половина од една календарска година и кои не се регистрирани во бироата за вработеување.

Во Пинск протестот е наречен „Марш на не-паразитите“ при што на улица излегоа различни возрасни групи, меѓу кои и пензионерите.

XS
SM
MD
LG