Достапни линкови

Најмалку 8 полицајци убиени во Авганистан


Најмалку 8 припадници на авганистанските безбедносни служби се убиени при напад кој го извршиле двајца нивни колеги во јужната провинција Забул. Гувернерот на провинцијата Ѓул Ислам Сејал изјави дека двајцата напаѓачи по убиството на своите колеги со полициски возило побегнале од местото на настанот. Тој додаде дека напаѓачите ги изнеле сите оружја и сета резервна муниција во контролниот пункт каде што го извршиле убиството.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и се проверува можна поврзаност на напаѓачите со бунтовничките групи.Во сличен инцидент минатиот месец беа убиени 11 полицајци од друг полицаец во близина на контролниот пункт во соседната провинција Хелманд.

XS
SM
MD
LG