Достапни линкови

Платформата и програмата и натаму причина за партиски препукувања


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев на предизборен митинг, комбинирана фотографија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев на предизборен митинг, комбинирана фотографија

Според ВМРО-ДПМНЕ лидерот на СДСМ Зоран Заев не собрал храброст јавно да се откаже од, како што ја нарекуваат, „тиранската платформа“. Тие повторно му нудат на Заев две опции за да се избегне, како што велат, формирање на „тиранска влада“.

„Едното е да ја одбие јасно и гласно тиранската платформа по сите точки и да прифати поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за формирање на малцинска влада. Второто е да прифати распишување на нови парламентарни избори, заедно со локалните, на кои граѓаните ќе може кристално јасно да се произнесат за партиската програма, вклучително и таа на СДСМ, па дури и во себе да ја содржи тиранската платформа, без да имаат чувство дека се изборно измамени,“ изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ реагираат на ставот наВМРО-ДПМНЕ посочувајќи дека единствената реална платформа што ја гледа целата домашна и меѓународна јавност е, како што велат, програмата на новата реформска влада, која што содржела мерки за основните потреби на граѓаните и ја гарантирала унитарноста на државата.

„Единствено ВМРО-ДПМНЕ има потреба да се преправа дека не ја гледа Програмата на новата Влада, затоа што раководството на партијата има потреба да ја продлабочува политичката криза“, се вели во реакцијата.

XS
SM
MD
LG