Достапни линкови

Холандија забрани слетување на авионот на Чавушоглу


Холандската Влада денеска ја повлече дозволата за слетување на територијата на земјата на авионот со кој турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу требаше да пристигне на митинг во Ротердам, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

Ваквата одлука холандската Влада ја образложи со ставот дека стравува оти престојот на Чавушоглу во Ротердам би можел да ги „загрози јавниот ред и безбедност“.

Чавушоглу денеска најави дека ќе отпатува за Ротердам за да учествува на митинг на припадниците на тамошната турска заедница во пресрет на уставниот референдум во Турција, иако ротердамскиот градоначалник Ахмед Абуталеб ја забрани неговата посета.

„ Денеска одам за Ротердам. Ќе и воведеме строги санкции на Холандија, ако ја спречи посетата,“ изјави Чавушоглу.

Во врска со ваквата најава за „строги санкции“, холандската Влада оцени дека „овие закани го прават невозможно изнаоѓањето решение за проблемот,

XS
SM
MD
LG