Достапни линкови

Епидемија од мали сипаници во Романија, починати 17 луѓе


Вакцинирање против морбили

Романија е зафатена од епидемија на морбили, кои досега биле причина за смртта на најмалку 17 лица. Романскиот министер за здравство Флоријан Бодог соопшти дека од појавата на првите случаи на болеста лани во септември, па досега, во земјата се регистирани околу 3.400 пациенти заболени од мали сипаници.

Поради еподемијата, Романија донесе одлука да ја намали старосната граница за примање на вакцината против морбили од 12 на девет месеци и препорача вакцинирање на сите деца помлади од девет години.

XS
SM
MD
LG