Достапни линкови

Чавушоглу ќе отпатува за Ротердам и покрај забраната


Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу на саемот за туризам во БЕрлин, Германија. 8 март 2017

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу на саемот за туризам во БЕрлин, Германија. 8 март 2017

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска најави дека ќе отпатува во холандскиот град Ротердам за да учествува на митинг на припадниците на тамошната турска заедница за да ги поттикнат Турците во Холандија да гласаат на референдумот со кој се зголемуваат надлежностите на шефот на државата. Претходно ротердамскиот градоначалник Ахмед Абуталеб ја забрани неговата посета.

Чавушоглу при тоа се закани дека холандските власти ќе се соочат со „строги санкции“, доколку се обидат да ја спречат неговата посета.

„Денеска одам за Ротердам. Ќе и воведеме строги санкции на Холандија, ако ја спречи посетата“, изјави Чавушоглу за телевизијата Си-Ен-Ен.

Тој нагласи дека планира да се обрати на митингот на припадниците на турската заедница во Ротердам, кој го организраат властите во Анкара за да

Чавушоглу се закани и дека Турција ќе се повлече од договорот со ЕУ со кој беше запрен мигратскиот прилив кон Европа, доколку Унијата не го укине визниот режим за турските државјани.

Забраната на Берлин за учество на двајца турски министри на минитинзи за поддршка на уставните измени во Германија, доведе до сериозно влошување германско-турските односи.

XS
SM
MD
LG