Достапни линкови

Германски трговски центар затворен поради страв од напад


Архивска фотографија, илустрација

Трговски центар во градот Есен кој се наоѓа во западниот дел на Германија, утрово остана затворен поради „индиции за можен напад“, вели полицијата. Во соопштението од германската полиција е наведено дека сегашната состојба укажува на закана во тој трговски центар, без при тоа да дадат повеќе детали. Поради стравувања од терористички напади, трговскиот центар ќе остане затворен цел ден. Германија е во состојба на готовс по големите радикални исламистички напади во Франција и Белгија, како и по нападот на Божиќ кога барател на азил од Тунис со камиот влета во луѓе на германски пазар при што загинаа 12 луѓе.

XS
SM
MD
LG