Достапни линкови

ОН предупредуваат за хемиска катастрофа во Источна Украина


Илустрација-лого на Обединетите нации

Илустрација-лого на Обединетите нации

Обединетите Нации го вклучија алармот поради опасноста од можна хемиска катастрофа поради вооружениот конфликт во источниот дел на Украина. Специјалниот известувач на ОН за човекови права и справување со опасни материи Башкут Тунчан изјави дека постои голем ризик од тоа поради водењето на битките токму во областите каде што се стационирани големи хемиски индустриски објекти.

„Битките сега се водат во градови во близина на индустриски центри, каде што е веројатно да бидат погодени и фабриките, а тоа ќе донесе тешки последици за жителите во непосредна близина“, вели Тунчак.

Тој додаде дека еден од објектите кои беше погоден на 24 февруари имаше магацин во кој се складирани 7 тони хлор. Засега нема оштетен магацин од бомбардирањето, но само ако еден контејнер кој содржи 900 килограми хлор во иднина биде погоден , може да предизвика се што е живо во радиус од 200 метри и да предизвика сериозно оштетување на здравјето на жители во радиус од 2,5 километри, околу оштетениот објект.

XS
SM
MD
LG