Достапни линкови

Трактори и комбајн на протест пред владата


Скопје- Комбајн прекиен со македонско знаме на протест на иницијативата За заедничка Македонија, 10.03.2017

Пред владата на Македонија почнаа да се собираат демонстрантите на повик на иницијативата „За заедничка Македонија“. Различно денеска е што на улицата има четири трактори и еден комбајн прекриени со македонски знамиња што, како што се соопштува, значело дека и земјоделците им даваат поддршка.

Претходно од иницијативата изразија огромно разочарување од лидерот на СДСМ Зоран Заев поради, како што напишаа на официјалниот нивни профил на социјалната мрежа Фејсбук неотфрлањето на Тиранската платформа чија цел била редефинирање на граѓанска Македонија.

Побараа јасно и недвосмислено целосно отфрлање на платформата направена во Тирана и најавија дека продолжуваат со протестите се до целосно исполнување на нивните барања.

Денеска е десетти ден како илјадници луѓе излегуваат на протести во Скопје и други градови низ Македонија.

XS
SM
MD
LG