Достапни линкови

Груевски-македонскиот народ е на нозе и нема да се повлече


Архивска фотографија-претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

Македонскиот народ е на нозе и нема да се повлече, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за српскиот портал Телеграф. Тој ситуацијата ја опишува како тензична и неизвесна и тврди дека тешко може да се очекува било што друго освен протести на граѓаните, кога како што вели, одите спротивно од нивната волја, спроведувајќи сценарио за потполно редифинирање на државата и комплетна промена на нејзиниот концепт и минато, но и со изборни измами.

Според Груевски народот застанал на страна на неговата партија и коалицијата и покрај огромната финансиска и логистичка помош која Зоран Заев ја добивал како што вели од организацијата и логистиката на Сорос и странските центри. На прашањето дали протестите на улица може да ескалираат, Груевски вели дека гневот во народот е огромен.

„Кога имате стотина илјади луѓе на улиците секој ден, значи дека проблемот е сериозен и треба да се лоцира во кого е и зошто е тој револт и проблем. Единствено решение со кое би се смирил гневот на измамените граѓани е да се слушне нивниот глас. Заев и СДСМ треба да сфатат дека народот се противи на тоа што тие на преговорите ги ставија државните и националните интереси“, додава Груевски.

Груевски во интервјуто како неточни ги отфрла тврдењата дека стои позади граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и протестите.

XS
SM
MD
LG