Достапни линкови

Заев-владата со закон ќе ја прошири употребата на јазиците


Архивска фотографија- Лидерот на СДСМ Зоран Заев му го доставува на претседателот Ѓорге Иванов потписите од 67-те пратеници

Архивска фотографија- Лидерот на СДСМ Зоран Заев му го доставува на претседателот Ѓорге Иванов потписите од 67-те пратеници

Лага е дека сите ќе треба да учат некој друг јазик,а во спротивно дека ќе бидат казнети, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција на која ја претставува програмата на идната влада. Казнените одредби постојат и сега и тие се однесуваат на институции кои не го почитуваат Уставот и законот појасни тој.

Предвидуваме закон за употреба на јазиците бидејќи сметаме дека на сите граѓани треба да им овозможиме полесно да функционираат во секојдневниот живот и во комуникацијата со институциите, рече Заев.

„Новата влада ќе предложи законски решенија за употреба на јазиците со што ќе се прошири употребата на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните т.е. албанскиот јазик во рамките на аманданот 5 од Уставот. Законот ќе ја прошири употребата на јазикот во институциите и ќе овозможи на граѓаните Албанци да комуницираат со државните институции на својот мајчин јазик “ рече Заев.

На почетокот на прес-конференцијата тој нагласи дека парламентарното мнозинство е силно посветено на зацврстување на унитарноста, суверенитетот и стабилноста на Македонија, наведувајќи дека никој немал право да ги блокира демократските процеси зад кои застанаа граѓаните.

Презентирајќи ја програмата на идната влада тој спомена дека нивни приоритети меѓудругото ќе бидат Македонија да стане држава за сите граѓани , членство во ЕУ и НАТО, спроведување на препораките од извештајот на Прибе, подобар животен стандард на граѓаните, одговорна влада и контрола на власта, рамномерен регионален развој формирање на специјално одделение во основниот суд за предмети од СЈО и други.

XS
SM
MD
LG