Достапни линкови

Ахмети-декларацијата не го прекршува Уставот


Архивска фотографија-претседателот на ДУИ Али Ахмети

Архивска фотографија-претседателот на ДУИ Али Ахмети

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска се сретна со амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние на која разговарале за ситуацијата во државава и регионот и за итната потреба за решавање на политичката криза, соопшти ДУИ по средбата. Ахмети го информирал амбасадорот Тимоние дека побарал од релевантните парламентарски партии да започнат дијалог со цел да се постигне компромис и што побрзо да заврши конституирањето на Собранието, како почетна точка за решавање на кризата.

Во соопштението се наведува дека претседателот на ДУИ го информирал францускиот амбасадор дека со заедничката декларација не се прекршува уставниот поредок или карактер и е во целосна согласност со Охридскиот договор и Уставот на Република Македонија, како и дека претставува резиме на изборните програми на албанските парламентарни партии.

"Ахмети повтори дека Иванов и другите политичари не се осмелуваат политичката да ја претворат во етничка криза и максимално треба да се воздржат од поттикнување омраза меѓу двете етнички заедници", се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG